Фудбалскиот сојуз на Бразил е во потрага по нов тренер по разделбата со Тите, а и покрај шпекулациите, Жозе Мурињо никогаш не бил реална опција да седне на клупата на Селекао.
Бразилците решија да ангажираат странски тренер, докажано име, а Sport.rs пренесува дека Португалецот ја одбил функцијата.
Претходно, поранешниот играч на Мурињо на Порто, Карлос Алберто, рашири гласини дека 59-годишниот тренер го повикал во стручниот штаб на националниот тим.
И покрај тоа, Мурињо нема намера да ја прифати селекторската функција, туку неговиот фокус е да работи во клубот, односно во Рома.
Римска Вучица моментално е шеста во Серија А, а наскоро ги очекува натпревари во 1/16 финалето од Лигата на Европа против Салцбург.
Бразил беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.