More

    Сексуалните работнички бараат подобри и побезбедни услови

    spot_img

    Некогаш застапувани во име на трети лица, денес гласно и гордо сами во поход кон своите права – сексуалните работнички во земјава по 15-ти пат со добропознатите црвени чадори в рака мирно маршираа низ строгиот центар на Скопје, одново нагласувајќи го барањето што поскоро да станат рамноправни со останатите професии.

    Омразата и родово базираното насилство сѐ уште се нивно болно секојдневие. Иако, како што велат, добиле формална поддршка од 8 политички партии и водат процеси преку предлози поднесени до Владата, сепак регистрираат загрижувачки бројки на прекршени човекови права.

    – Но, сепак, нашата заедница сѐ уште живее во страв од напади, закани и системско насилство. Само во 2021 и 2022 година имаме документирано 34 случаи на прекршување на нашите права, од кои 20 се однесуваат на родово базирано насилство или семејно насилство и 3 случаи на насилство од омраза – информираат организаторите

    Сексуалните работнички апелираат што побрзо да се направат промени во членот 191 од Кривичниот закон и член 19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и конечно нивната работа да биде легална.

    „Бараме подобри и побезбедни услови за работа, бараме признавање на трудот на сексуалните работници. Бараме декриминализација на сексуалната работа. Со декриминализацијата и признавањето на сексуалната работа како работа ќе се заштитат правата, еднаквоста и достоинството на сексуалните работници и конечно ќе можеме да живееме без страв од насилство, стигма и социјална исклученост.“

    Во последните 2 години првиот колектив на сексуални работници на Балканот – СТАР помогнал на 62 сексуални работнички да го остварат правото на социјална заштита, а дополнителни 45 сексуални работнички се обратиле за социјално советување и поддршка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img