Актерот Џејми Дорнан, ѕвездата на филмот „Педесет нијанси сиво“ проговори за потенцијалното преземање на посакуваната улога на Џејмс Бонд. Тој признал дека е малку загрижен за коментарите на јавноста и го спомнал својот колега и пријател Роберт Патинсон.
„Предрасудите се една од најголемите болести на нашата култура, особено во нашиот бизнис. Само запомнете ги реакциите кои следеа, Роб ја доби улогата, па 90. отсто од нив беа негативни“, изјавил Џејми во интервју за Esquire.
„Слично беше кога Даниел Крег ја доби улогата на Џејмс Бонд – мислам, коментарите беа 100 проценти негативни. Многу е вознемирувачки да се види колку луѓе се лути на актерите. А потоа што се случи? Даниел Крег беше брилијантен и тоа ја смени целата енергија на Бонд. Така на сите заговорници им се допаѓа она што Роб го направи со Бетмен“, додал тој.
Дорнан не крие дека е возбуден поради можноста да се најде во улогата на Џејмс Бонд. Според шпекулациите на странските медиуми, тој, наводно, за оваа улога се бори со Идрис Елба и Двејн Џонсон.
„Многу е возбудливо да се биде во конкуренција за таква улога. Ако подобро ги погледнете профилите зад улогата на Бонд, тоа се главно актерите кои стојат зад неколку одлични проекти”, изјавил Џејми.