Памела Андерсон (54) го имаше своето деби на Бродвеј во вторникот вечерта кога влезе во екипата на долгогодишниот мјузикл „Чикаго“. Актерката, која ја толкуваше главната улога на Рокси Харт, блесна додека на крајот од настапот прифати букет црвени рози и уживаше во аплаузот на публиката.
Додека се поклонуваше, Памела и пријде на колешката Лана Гордон, која го толкува ликот на Велма Кели.
Критичарот Џони Олексинск рече дека Андерсон пеела „многу добро“ и дека успеала да изведе сложена кореографија на финалето на мјузиклот, вклучувајќи и велосипед.
Пред Памела, многу познати личности ја играа Рокси Харт во „Чикаго“, од Брук Шилдс, Ешли Симпсон, Лиза Рајн, Ерика Џејн, Кристи Бринкли, Мелани Грифит, пишува „Дејли мејл“.
Памела неодамна во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека нејзината претстојна документарна серија на Нетфликс делумно ќе ги покрие нејзините подготовки за „Чикаго“.