More

    Секретаријатот за европски прашања го мобилизира граѓанскиот сектор за преговарачкиот процес со ЕУ

    spot_img

    Секретаријатот за европски прашања објави Јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија.

    Како што веќе најави вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, преговорите ќе се водат транспарентно и инклузивно, со сите општествени чинители.

    – Граѓанскиот сектор e важен партнер во спроведувањето на реформите на патот кон ЕУ, бидејќи со своето знаење и искуство дава значаен придонес во развојот и подобрувањето на клучните стратешки документи, како и спроведување на политиките кои нè приближуваат кон членство во ЕУ, смета Маричиќ.

    Целта на овој повик е создавање на регистар/база на граѓански организации на кои Секретаријатот за европски прашања ќе може да смета во текот на процесот преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија и кои ќе може да ги известува континуирано и да ги консултира повремено за прашања поврзани со преговорите за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија.

    Заинтересираните граѓански организации имаат можност да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на Европската Унија за оние области и поглавја во рамки на нивното поле на делување, исклучиво преку пополнување на електронскиот формулар за регистрација достапен на веб страницата на Секретаријатот за европски прашања, односно на следниот линк.
    Сите граѓански организации кои се регистрирани во Република Северна Македонија според Законот за здруженија и фондации и кои делуваат на територијата на Република Северна Македонија имаат право да се пријават и да бидат регистрирани, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img