More

    Седум лица, вклучително и две деца загинаа по сомнителна експлозија на гас во француско село

    spot_img

    Седум лица, вклучително и две деца, од кои едното новороденче, загинаа по сомнителна експлозија на гас што денеска изби во продавничка во едно мало место во јужна Франција во раните утрински часови. Причината за пожарот засега е непозната, а истрагата упатува на запалени плински боци во дуќанот, пишува РусијаДенес.

    „Се чини дека е потврдено присуството на плински боци, но ќе им дадеме време на истражителите да ја проверат содржината на продавниците“ , напиша на Твитер, Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи кој го прекинал своето патување за да пристигне на местото на несреќата.

    Силната експлозија се слушнала околу 01:30 часот по локално време во една од главните области на Сен Лоран де ла Саланк, која се наоѓа на околу петнаесет километри од Перпињан. Пожарот се проширил и на другата страна на улицата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img