Земјотрес во јужниот дел на Охридското Езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на земјава.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 2.41 часот, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.