Лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, очекува до крајот на неделата од премиерот Ковачевски да ја добие првичната понуда со ресори, но и конкретни законски решенија што биле во неформалните преговори, изјавил за ТВ 24 висок партиски функционер од новото раководство на Таравари. Изворот не кажал дали постои план Б во случај еден од сегашните партнери на СДСМ во Владата, Алтернатива, да отстапи некое од местата.
Во меѓувреме, генсекот на Алтернатива, Зекирија Ибраими се сретнал со предводникот на „огнените“ во ДУИ, Изет Меџити, во која Меџити го известил дека тие се против влегувањето на Алијанса на Таравари во Владата, што би ја амортизирало нивната моќ внатре во ДУИ.
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од партиите членки на коалицијата.