More

    Се омажи Линдзи Лохан

    spot_img

    Некогаш контроверзната актерка Линдзи Лохан по бројните испади, денес живее мирен живот.

    Имено, актерката вчера објави дека се омажила за финансиерот Бадер Шамас.

    Триесет и шест годишната актерка која вчера го прослави роденденот објави фотографија со Шамас, а во описот на сликата го нарече сопруг.

    „Јас сум најсреќната жена на светот. Ме најде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Многу сум среќна што си мој сопруг“, напиша Линдзи на Инстаграм, по што коментарите со честитки се нижат.

    „Мојот живот и моето сѐ. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден“, ја завршила својата објава Лохан.

    Инаку, Линдзи и Бадер ја објавија свршувачката во ноември.

     

    „Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина“, напишала тогаш Лохан во објавата.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img