More

    Се „крателе“ битни вести за пандемијата и студии против вакцинацијата

    spot_img

    И претседателот Џо Бајден и неговиот претходник, Доналд Трамп, го притискале Твитер да не објавува одредени информации во врска со ковид-19, а од свои причини. Ова го покажаа датотеките на Твитер кои ги обзнани новинарот Дејвид Цвајг, а со дозвола од новиот газда на компанијата, Илон Маск, пишува ЊујоркПост.

    Во случајот на Трамп, неговите службеници ургирале да не се шири паника поради недостигот на храна кој го имаше во продавниците во САД, со тоа што било барано да се ублажат овие вести. На Бајден пак, му било битно да не се шират „дезинформации“ во врска со вакцините. Неговата администрација вршела директен притисок да се забранат профилите на антиваксерите, меѓу кои и на поранешен новинар на угледниот Њујорк Тајмс, Алекс Беренсон.

    Беренсон лани тврдел дека ризиците од вакцинацијата ги надминуваат придобивките кои САД ќе имаат. Твитер се согласил да го суспендира Беренсон во јули 2021 година, но вработените изјавиле дека потоа „тимот на Бајден“ сè уште „не бил задоволен“ од напорите за цензура на платформата и дека налутено барал да се „деплатформираат (уште) неколку сметки“.

    Исто така Твитер поставувал и т.н. предупредувачки етикети на одредени профили. На пример, на еден епидемиолог од Харвард, кој тврдеше дека луѓето со „претходна природна инфекција“ не треба да се вакцинираат и кој ги означи како „лажни“ бројките за смртноста од ковид-19 кои администрацијата на Бајден редовни ги твиташе.

    Како одлучувал Твитер кои точно профили да бидат угаснати или означени како со предупредување? Со комбинација од луѓе, но и од ботови со вештачка интелигенција.

    Еден лекар бил етикетиран затоа што споделил научна студија која ја поврзувала вакцината со срцеви застои кај младите. Друг бил трајно суспендиран затоа што упатил на студија која вели дека вакцинацијата привремено го нарушува бројот на сперматозоиди кај мажите.

    Уште поинтересно е дека кога поранешниот претседател Доналд Трамп ги повика своите следбеници да „не се плашат од ковид“ по неговото закрепнување од болеста, високите модератори на Твитер дебатираа за преземање акција против твитот, пред да заклучат дека „оптимистичката“ проценка на Трамп не се смета за дезинформација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img