More

    Се здоби со повреди по несреќа: Почина поранешен играч на Реал Мадрид и Наполи

    spot_img

    Фреди Ринкон, поранешниот капитен на колумбиската репрезентација и фудбалер на Реал Мадрид и Наполи, почина на 55-годишна возраст, откако пред неколку дена се здоби со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа во Кали.

    Ринкон е повреден откако возилото што го управувал се судрило со автобус на раскрсница во понеделникот.

    Лореано Кинтеро, директор на клиниката Имбанако во Кали, им ја соопшти на новинарите оваа тажна вест.

    „И покрај сите напори на нашите медицински тимови, Фреди Еузебио Ринкон Валенсија почина.

    Ринкон беше капитен на Колумбија и еден од најдобрите играчи од средниот ред што овој тим некогаш ги имал. Во својата земја играше за Санта Фе и Америка од Кали, додека имаше прекрасна европска кариера со Наполи и Реал.

    Беше и капитен на Коринтијанс, кој ја освои првата светска титула во 2000 година, а беше член и на „златната генерација“ на колумбискиот фудбал, која учествуваше на три светски првенства – 1990, 1994 и 1998 година.
    Во текот на репрезентативната кариера постигна 17 гола и беше еден од стрелците на познатиот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Аргентина во Буенос Аирес во 1993 година, кога Колумбијците славеа победа од 5:0.

    По повлекувањето од спортот, тој водеше неколку бразилски пониски лиги, а работеше и како помлад тренер во Коринтијанс и како асистент во Атлетико Минеиро.

    ФИФА се придружи во изразувањето сочувство до семејството на Фреди Ринкон, оставајќи твит во спомен на еден од најдобрите колумбиски фудбалери досега.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img