Фудбалскиот клуб „ГФК Охрид“ доведен пред финансиски колапс , од како во текот на вчерашниот ден СВР Охрид им испорачало платни налози за Глоба во висина од 30.000 евра!
Дербито помеѓу „ГФК Охрид“ и ФК „Вардар“ Скопје , кое се оддржа на 19-02-2022 година на градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид , во рамки на 16 коло од Втората фудбалска лига Запад, кога поголем дел од навивачката група „Комити“ го пробија заштитниот кордон,ја срушија оградата која ги разделуваше од неутралната публика и се судрија со неа.
За ваквото дивеење на навивачката група „Комити“ ,виновници биле според СВР Охрид управат на „ГФК Охрид“ и секретарот на ОФС Охрид, кој спрема тумачењето на налозите за глоба , немале доволна безбедносна проценка?!!!