More

    СВИКАНА ЧЕТИРИНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

    Р Е Ш Е Н И Е
    ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА
    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

     

    ЈА СВИКУВАМ четиринаесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.07.2022 година (петок) со почеток во 09:00 часот.

    Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

    За седницата го предлагам следниот:

    Д Н Е В Е Н   Р Е Д

     

    Усвојување на Записникот од 8-ма седница, Записникот од 9-та седница

    и Записникот од 12-та седница

    1. Предлог-програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година.
    2. Предлог-програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година.
    3. Предлог-програма за измени на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година.
    4. Предлог-програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година.
    5. Предлог-програма за измени на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2022 – 2024 година.
    6. Предлог-програма за измени на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2022 година.
    7. Предлог-програма за измени на програмата за млади и невладини организации за 2022 година.
    8. Предлог-програма за измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2022 година.
    9. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1).
    10. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА).
    11. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година (Н2).
    12. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ).
    13. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1).
    14. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2022-2024 година (ВА).
    15. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1).
    16. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година.
    17. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2022 година.
    18. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година.
    19. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2022 – 2024 година.
    20. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода за 2022 – 2024 година.
    21. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година.
    22. Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2022 година.
    23. Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на Советот за заштита на потрошувачите на општина Охрид за период 2022 – 2023 година.
    24. Предлог-одлука за отстапување на користење паркинг простор од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ Охрид.
    25. Предлог-одлука за престанување на важност на одлуката за давање согласност на одлуката за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП„Охридски комуналец“ Охрид на ЈП„Погребни услуги“ Охрид и одлуката за отстапување на право на сопственост на недвижен имот – полигон за обука на возачи од ЈП „Погребни услуги“ Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

           

    СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
    Претседател
    Сашо Донев

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img