Свештеникот Кристијан Зеба од Срдочи при Реки во Хрватска не сакал да го крсти детето на лезбејски пар кој бил зачнат со вештачко оплодување, објави хрватската телевизија N1. Тој наводно одбил крштевање бидејќи, според него, партнерите веќе живееле во грев и спротивно на учењето на Римокатоличката црква.
„Ние самите добро знаеме дека учењето на Католичката црква е дека бракот се состои исклучиво од маж и жена, се друго е неприфатливо“, рече свештеникот Кристијан Зеба. „Мојата совест е целосно чиста и мислам дека ова е единствената вистинска работа“, додаде тој.
За 16-те години откако е свештеник, Зеба за прв пат добива вакво барање. Тој за N1 изјави дека верува оти дете во истополова заедница нема да биде воспитано во католички дух.
Самиот Зеба ја информираше јавноста за случајот преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и ги праша корисниците што мислат за оваа одлука.
Мислењата беа поделени, но за неговата одлука жалеше заменик-градоначалничката на Река, Сандра Крпан. „Мислам дека Црквата треба да му пристапи на секој човек. Одговорот не смее да биде агресија и насилство, што сметаме дека е извршено во овој случај врз детето и врз родителите“, најави таа.