More

    Светскиот топ модел Хајди Клум блеска каде и да се појави

    spot_img

    Светскиот топ модел Хајди Клум блеска каде и да се појави. Така било и на премиерата на филмот „Аватар 2“ што се одржа пред два дена во Лос Анџелес.

    Љубителите на филмот „Аватар“ воодушевено го дочекаа продолжението на овој филм. По премиерата во Лондон „Аватар 2“ е прикажан и во Лос Анџелес.

    Меѓу познатите личности кои се појавиле на премиерата на овој филм била и Хајди Клум (49) која привлекла најмногу внимание.

    Германскиот супермодел и ТВ-личност, Хајди Клум се појавила на премиерата на филмот во друштво на 16 години помладиот сопруг, а со својот моден избор ја поттикнала фантазијата кај присутните.

    За оваа прилика таа избрала да носи прекрасен, сребрен фустан од провидна, тенка ткаенина која освен со материјалот, вниманието го привлекла и со својот крој.
    Имено, долгиот фустан на едно рамо и со длабок шлиц којшто се протегал до колкот, ја поттикнал фантазијата кај луѓето, а поради деликатноста на манекенката во еден момент ѝ наѕирале градите додека позирала пред фотографите.

    Фустанот ги привлекол погледите на присутните, а малку е да се каже дека ваквата комбинација може да ја изнесе само Хајди Клум. Уникатниот и ефектен фустан уште еднаш ја нагласил нејзината фигура и во прв план ги истакнал нејзините витки нозе.

    Што се однесува до обувките, таа носела потпетици со провиден, широк ремен, а од аксесоари имала само големи дијамантски обетки.

    Совршената шминка и светлиот кармин на усните со„мократа“ фризура која паѓа низ грбот феноменално се вклопиле во аутфитот.

    Нејзиниот сопруг Том Каулиц (33), гитарист на групата „Tokio Hotel“ својата модна комбинација ја приспособил според Хајди, па избрал да носи светкаво сино-сиво одело и кошула во сива нијанса на боја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img