More

    Само 16 отсто сметаат дека Бугарија треба да му испорача оружје на Киев

    spot_img

    Мнозинството бугарски граѓани сметаат дека земјата мора да ја задржи неутралноста во однос на војната меѓу Русија и Украина, покажуваат податоците од студијата на „Маркет Линкс“, финансирана и спроведена заеднички со бТВ меѓу 1.029 возрасни Бугари во периодот од 22 до 29 март преку директна – лично интервју и онлајн анкета.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, 67 отсто од Бугарите поддржуваат неутралност во конфликтот, додека 16 отсто сметаат дека Бугарија треба активно да ја поддржува Украина, вклучително и со испорака на оружје.

    Социологот Добромир Живков од агенцијата „Маркет Линкс“ за бТВ изјави дека бугарското општество е поделено на три големи сегменти. Едниот сегмент ги опфаќа они кои сочувствуваат со Путин и продолжуваат да ја оправдуваат руската агресија во Украина. Вториот сегмент, кој е и најголем, балансира меѓу екстремните сегменти на поддржувачи и противници за поактивна акција за време на војната во Украина.

    Во третиот влегуваат 21 отсто кои сметаат дека Бугарија треба да застане до Русија во овој конфликт во Украина, 36 отсто сметаат дека нивната земја треба да ја следи линијата на НАТО и ЕУ против Русија, додека 43 отсто се на средина.

    Во однос на санкциите против Русија, 41 процент сметаат дека тие се фер, но задоцнети, додека 34 отсто сметаат дека се крајно нефер и 25 отсто не можат да судат или да се двоумат.

    Во однос на војната во Украина, повеќето Бугари сакаат водечки меѓународен партнер на Бугарија да биде Германија, а потоа САД и Русија.

    Од анкетираните 57 отсто очекуваат да има предвремени избори во Бугарија. „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков останува прва сила во Бугарија.

    – Три четвртини од Бугарите би гласале „за“ нивната земја да остане во ЕУ, а 60 отсто поддржуваат останување во НАТО, што е највисок процент во последните години – вели социологот Живков.

    Од анкетираните, 55 отсто ја поддржуваат изјавата дека Бугарија не може да ја гарантира својата национална безбедност надвор од НАТО, додека 25 отсто се со спротивно мислење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img