More

    Русковска очекува изборите да бидат фер

    spot_img

    Ако загубам на изборите, тогаш сигурно дека ќе го признаам поразот, но сепак, очекувам да победам бидејќи правдата мора да победи. Ова денеска го изјави Вилма Русковска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    – Досега ниту еден мој колега не се пожалил на некакви притисоци. Ако овие избори не бидат фер и демократски, на кои гласаат јавните обвинители, тогаш што треба да очекуваме од било кои други избори во земјава? Апсолутно сум сигурна дека изборите ќе бидат фер – изјави Русковска пред гласањето.

    Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Русковска одговори:

    – Јас ги почитувам колегите, се надевам дека ќе продолжат таму каде што застанав јас. Не е работата само да бидеш шеф, туку од тебе се очекува многу повеќе. Ако победам, ќе продолжам онаму каде што застанав. Ако не победам, ќе направам примопредавање на функцијата и тоа е тоа. Правото и правдата мора да важат за сите подеднакво и не смее да има неказнивост – изјави Русковска.

    За прв пат според новиот закон за јавни обвинители денеска се одржува избор за шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Право на глас имаат околу 163 обвинители а изборот е меѓу Русковска, Пауновска, Незири и Абази.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img