Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) ја информираше јавноста за третиот инцидент со руски воен авион во близина на Алјаска, пишува Си-Ен-Ен.
– Командата откри информации за инцидентот со рускиот воен авион кој леташе во зоната за идентификација на воздухопловните сили на Алјаска меѓу 8 и 10 август – пренесуваат американските медиуми. Точното време на инцидентот не е соопштено.
Претходно беше објавено дека системот за противвоздушна одбрана на САД и Канада во последните денови регистрирал два руски извидувачки авиони во близина на Алјаска. НОРАД тогаш истакна дека рускиот авион не ги преминал воздушните граници на САД и Канада. НОРАД е заедничка команда на системите за воздушна одбрана на САД и Канада.
Во јуни, канадските власти објавија дека ќе одвојат 4,9 милијарди канадски долари за развој на НОРАД во следните шест години и 40 милијарди во следните две децении. Парите ќе бидат искористени за опремување на радари кои ќе покриваат области од американската граница до Арктичкиот круг.