More

    Руската противвоздушна одбрана собори ракети од украински ХИМАРС! (ВИДЕО)

    spot_img

    Рускиот пограничен град Белгород, кој се наоѓа на повеќе од 70 километри од украинско-руската граница и кој од 24 февруари гравитира како почетна точка за воените операции во Украина, вториот ден повторно беше нападнат.

    Инаку, градот доживеа неколку напади од почетокот на војната, а најжестокиот беше кон крајот на пролетта, кога врз градот паднаа две тактички балистички ракети од типот „У“.

    Но, од вчера на небото над Белгород се води вистинска битка, од една страна, руските воздушни одбранбени сили олицетворени во системите „Панцир С-1“ и ракетните системи „БУК“, со кои пресретнуваат ракети „М-31“ истрелани од повеќецевни ракетни фрлачи „ХИМАРС“.

    Исто така, руските панцири снимиле соборување на неколку антирадарски ракети од типот „ХИМАРС“ кои биле лансирани од украински авиони, пред се „МиГ-29“ или „Су-27“ на руската радарска мрежа за рано откривање.

    Во четвртокот во утринските часови продолжија дуелите меѓу Украинците и Русите, но фрагменти од ракети паднаа низ градот, кои предизвикаа штети и помали разурнувања, особено на поголеми згради.

    – Еден станбен блок е погоден и оштетен при украинско гранатирање на рускиот град Белгород – изјави градоначалникот Антон Иванов.

    – Денеска мораше повторно да се активира ПВО. Оштетена е зградата во улицата Губка – напиша тој на Телеграм.

    Градоначалникот подоцна објави дека околу 12:40 часот по локално време, неидентификуван предмет паднал на покривот на станбен блок како резултат на операции со системи за противвоздушна одбрана.

    – Жителите на погодената зграда се евакуирани – рече тој, додавајќи дека сѐ уште нема информации за жртви по инцидентот.

    Иако се сомневаше дека се погодени од украински ракети, поверојатно е дека станува збор за делови од противвоздушни ракети, бидејќи ракетните дуели се одвиваат над населено место.

    Засега нема информации за жртви, а видеата објавени на Телеграм покажуваат штета.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img