Руската армија денеска соопшти дека ракетниот напад врз трговски центар во предградие на Киев, бил бидејќи тој се користел за складирање ракети.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, изјави дека украинските сили го користеле трговскиот центар за полнење на ракетни фрлачи и за складирање на проектили што се користат за гранатирање руски војници.
Тој рече дека во синоќешниот руски напад врз трговскиот центар биле уништени повеќе ракетни фрлачи и муницијата за нив.
Тврдењата на Конашенков не се независно проверени. Трговскиот центар во густо населен кварт на Киев беше уништен доцна синоќа, кога бил погоден од граната. Украинските власти соопштија дека во нападот загинале осум лица. Ударот ги искршил сите прозорци на соседниот облакодер.