More

    Русија објави видео од „Авангард“, лета 27 пати побрзо од звукот

    spot_img

    Русија објави ново видео од хиперсоничната ракета „Авангард“, која е подготвена за употреба, што британскиот Дејли Мејл ја толкува како уште една нуклеарна закана за Западот.

    На видеото се гледа како оружјето,  кое патува до своите цели со брзина 27 пати поголема од брзината на звукот, се спушта во подземен силос за лансирање во југозападниот руски регион Оренбург, во близина на границата со Казахстан.

     

     

    Овој проектил, кој носи хиперсонично оружје со нуклеарна боева глава, се истрелува надвор од Земјината атмосфера пред да слета на која било цел во светот за помалку од 30 минути. Така барем тврди Москва.

    Како и со другите руски хиперсонични ракетни системи, рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Западот нема начин да ја запре оваа ракета.

    Денешното распоредување на ракетата, која се движи со брзина поголема од 32.000 км/ч, доаѓа кткоа во регионите Калуга и Твер Русија распореди интерконтинентални балистички ракети Јарс, способни да носат нуклеарно оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img