Украинската нуклеарна централа Запорожје е во опасност од нуклеарна несреќа, предупреди првиот човек на руската атомска корпорација Росатом.Тој предупреди дека постои ризик од атомска несреќа во централата. „Цела ноќ разговаравме со Меѓународната агенција за атомска енергија“, изјави Алексеј Лихачев, а пренесува руската новинска агенција Интерфакс, пренесува Би-би-си.
Шефот на нуклеарната централа ја обвини украинската војска за гранатирање на централата, тврдејќи дека имало околу 30 удари во текот на викендот.
Удриле во линиите за складирање и транспорт на потрошеното нуклеарно гориво, а оштетени се резервните дизел генератори“, рече Лихачев.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на електраната откако руските сили ја зазедоа во март.