Спречен е обид на украинските специјални служби да организираат саботажа на гасоводот во регионот на Волгоград, преку кој со гас се снабдуваат Турција и Европа, се вели во соопштението на ГО на ФСБ на Руската Федерација, јавува РИА.
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација … спречи обид на украинските специјални служби да извршат саботажа и терористички чин на гасоводот Јужен тек, кој ја снабдува Турција и Европа со енергија“, се вели во соопштението.