More

    Русите трупаат сили и опрема во Доњецк и во Луганск

    spot_img

    Најновата руска офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да трупа сили во источниот регион на Украина.

    – Од моја гледна точка, големата офанзива (во источна Украина) веќе започна. Мора да разбереме дека ова нема да биде повторување на 24 февруари, кога почнаа првите воздушни напади и експлозии и кога рековме војната започна. Големата офанзива де факто веќе започна – изјави на јавната телевизија Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

    Украински и западни официјални лица велат дека значајни маневри на руските сили кон Донбас се забележани во последните денови, откако Русија не успеа да го освои Киев.

    – Русите трупаат сили и опрема во Доњецк и Луганск. Сè уште нема големи борби за кои толку многу се зборуваше последните денови, но генерално кажано, можеме да речеме дека офанзивата веќе започна – рече Денисенко.

    Советникот на украинскиот министер изјави дека синоќа одекнале експлозии во областа Дњепропетровск и додаде дека продолжува гранатирањето на Харков, вториот по големина украински град.

    Сергеј Гајдаи, шеф на воената администрација во Луганск, рече дека украинските власти организираат „забрзана евакуација“ од Донбас, додавајќи дека за денеска се закажани повеќе возови за евакуација од Луганск и Доњецк.

    Украинските вооружени сили соопштија дека руските сили ќе продолжат да ги напаѓаат транспортните инфраструктурни објекти со цел да го попречат протокот на стока во земјата.

    Украинската армија исто така соопшти дека руските сили би можеле да извршат „провокативни акции“ во регионот на Придњестровје со цел да ја обвинат Украина за агресија врз соседната земја Молдавија.

    Тие, исто така, велат дека руските војници продолжуваат да вршат делумна блокада во областа Харков и дека продолжува гранатирањето на одредени делови од градот, како и дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката Азовстал, една од најголемите фабрики за железо и челик во опколениот пристанишен град Мариупол.

    Се наведува дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле четири непријателски напади во областите на Доњецк и Луганск и уништиле пет тенкови, осум оклопни единици, шест возила и осум непријателски артилериски системи.

    Во посебно соопштение, украинската армија наведува дека руските сили изгубиле околу 19.500 луѓе во борбите од почетокот на инвазијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img