Руските сили го зазедоа украинскиот град Кремина во областа Луганск, соопшти британското Министерство за одбрана.
Како што пренесе Бета, поради борбените операции, не е можна евакуација на цивили.
„Наводно, градот Кремина падна, тешки борби се во тек јужно од Изјум, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск на север и исток“, соопшти на Твитер британското Министерство за одбрана.
Русија пред неколку дена тврдеше дека го зазела градот, а од Украина нема соопштение за борбата во Кремина.
Британската војска не ги откри изворите, според кои, руските сили го освоиле градот Кремина, оддалечен 575 километри од Киев.