Манчестер Јунајтед во саботата претрпе минимален пораз од Евертон (1-0), а по натпреварот се појави видео на кое се гледа како ѕвездата на Јунајтед Кристијано Роналдо го крши мобилниот телефон на навивач.
Роналдо потоа се извини.
„Никогаш не е лесно да се справиме со емоциите во тешки моменти како овој со кој се соочуваме. Сепак, секогаш мора да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои сакаат добра игра“, изјави Португалецот.
Роналдо потоа ги повика навивачите на натпревар на Олд Трафорд.
„Би сакал да се извинам за моето излегување и, ако е можно, би сакал да го поканам овој навивач да го гледа натпреварот на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух“, рече фудбалерот.
Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на седмото место во англиската Премиер лига со вкупно 51 бод. По саботниот пораз, елитната Лига на шампиони изгледа уште понедостижна.