И покрај кризата продажбата на луксузни автомобили бележи највисок раст, покажуваат податоците објавени од компаниите.
Британскиот производител на автомобили „Ролс-Ројс“ која е во состав на германската групација БМВ лани постигна најголема годишна продажба на своите автомобили од вкупно 6.021 продадени единици кои се испорачани на клиенти од околу 50 земји.
Ова претставува зголемување од 8 отсто во однос на 2021 година.
Најмногу автомобили се продаваа во САД, Кина и Европа, додека остатокот од автомобилскиот пазар сè уште се опоравува од пандемијата на корона вирусот и глобалниот недостиг на полупроводници.
И луксузни автомобили од брендовите „Бентли„ и „Бугати“ постигнаа добра продажба за време на епидемијата на корона вирусот.
Компанијата „Ламборџини“, пак, во август објави дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.