More

    Ријана случајно го откри полот на бебето

    spot_img

    Пејачката која блеска во третото тромесечје од бременоста и понатаму изгледа беспрекорно, а папараците ја снимија како купува бебешка облека, што многумина поттикна на шпекулации.

    Музичарката Ријана изгледа сериозно се подготвува за доаѓањето на своето прво дете, а деновиве е фатена како купува детска облека во Лос Анџелес. Иако е позната како љубителка на луксузни брендови, Ријана за својот нов додаток купи неколку артикли од брендот „Tаргет“. Ријана и нејзиниот партнер, музичарот АСАП Роки наскоро ќе станат родители, а музичарот неодамна откри дека е во третиот триместар од бременоста. За потсетување, Ријана и АСАП Роки се во врска од 2020 година, а љубовта се случи по седум години силно пријателство.

     

     

    Но, фановите беа особено возбудени од изборот на Ријана кој падна портокалово фустанче, а тоа даде навестување дека пејачката очекува девојче.

    Иако веќе е во поодмината бременост, се чини дека Рири не е тешко да се среди дури и кога оди на шопинг. Имено, додека избирала облека за своето бебе, музичарката носела син дуксер со принт, мини здолниште со светки, кадифена чанта и виолетови сандали  со високи потпетици.

     

     

    Ријана неодамна откри повеќе за нејзината бременост и идното мајчинство, а рекла дека во моментов за неа сѐ е предизвик, од облекувањето до шминкањето.

    „Лицето ми е тркалезно, а носот ми се прошири, па навистина ми е тешко да се шминкам. Сѐ е некако многу предизвикувачки, но јас сакам предизвици“, изјавила за „Ел“ пејачката која наскоро треба да се породи, а судејќи според нејзиниот шопинг, на свет треба да пристигне девојче.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img