More

    Ријалити ѕвездата Кајли Џенер и нејзиното момче, раперот Тревис Скот, ја прекинаа љубовната врска и одлучија да останат во пријателски односи

    spot_img

    Ријалити ѕвездата Кајли Џенер и нејзиното момче, раперот Тревис Скот, ја прекинаа љубовната врска и одлучија да останат во пријателски односи, тврди извор за „ЈуЕс викли“.

    „Тие требаше да ги поминат празниците заедно, но таа одлучи да оди во Аспен за да биде со семејството и пријателите. Тие ќе останат пријатели и ќе продолжат заедно да ги воспитуваат своите деца“, открил изворот. Џенер и Скот ја имаат четиригодишната ќерка Сторми и 11-месечниот син Волф, а за раскинувањето сѐ уште не се огласиле официјално.
    Парот се запознал преку заеднички пријатели, а врската брзо напредувала, па Кајли по неколку недели забременила. Во февруари 2018 година, тие ја добија ќерката Сторми Вебстер.

    Кајли Џенер целата бременост ја чуваше во тајност, па раѓањето на малата Сторми беше вест на денот во сите светски медиуми. Двојката ја прекина врската следната година, а блиски извори им рекоа на новинарите дека само паузираат. Кајли и Тревис ја обновија врската во 2021 година, а минатиот февруари добија второ дете.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img