Риши Сунак официјално стана 57-ми британски премиер, откако кралот Чарлс III го покани да формира влада.
Сунак е третиот британски премиер оваа година, по Борис Џонсон и Лиз Трс, кои на оваа функција беа само 45 дена.
Тој влегува во Даунинг стрит како најмладиот британски премиер во последните два века, јавува Би-Би-Си.