Ја свикувам 24-тата редовна седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.02.2023 година (Вторник) во 12:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 23-та седница
Разгледување на можностите за покренување на иницијативи за помош на настраданите од земјотресот во Република Турција.
Извештај за работата на Советот на Општина Ресен за 2022 година.
Предлог- Одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар – училишна спортска сала на ООУ „Гоце Делчев“ – Ресен.
Предлог- Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2023 година.
Предлог- Измени и дополнувања на Годишен план за вработување на ЈОУДГ “11 ти Септември “ Ресен за 2023 година.