More

    Републиканците од Претставничкиот дом започнаа истрага против Бајден и неговото семејство

    spot_img

    Новоформираното републиканско мнозинство во Претставничкиот дом на САД отвори долго ветена истрага против американскиот претседател Џозеф Бајден и неговото семејство.Републиканците во Долниот дом на Конгресот сега имаат четири места повеќе од демократите, па затоа можат да побараат информации од американското Министерство за финансии и од поранешните функционери на Твитер како подготовка за јавни расправи.

    „Сега кога демократите немаат единствена контрола во Вашингтон, доаѓа надзорот и одговорноста“, рече републиканскиот конгресмен Џејмс Комер, претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом.

    Овој комитет испрати серија писма до Министерството за финансии барајќи информации во врска со финансиските трансакции на семејството Бајден кои може да се сметаат за сомнителни активности.

    Републиканските конгресмени, исто така, бараат сведочење од повеќе функционери на Твитер вклучени во справувањето на компанијата со приказната на таблоидот New York Post од октомври 2020 година за Хантер Бајден, помладиот син на претседателот.

    Републиканците тврдат дека ширењето на приказната било потиснато од политички причини.

    Со толку брзо дејствување по преземањето на контролата врз Претставничкиот дом, републиканците се подготвуваат за хаотична, политички експлозивна пресметка со Белата куќа пред претседателските избори во 2024 година, наведува агенцијата АП.

    Од Министерството за финансии не сакаа да го коментираат барањето на републиканците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img