Репрезентациите на Англија и на САД се пласираа во плејофот на Светското фудбалско првенство. Ова е епилогот синоќа по одигрувањето на натпреварите од третото коло во Б-групата.
Англија во Ал Рајан го победи Велс со 3:0 со головите на Маркус Рашфорд (два) и Фил Фоден.
Во Доха, САД го совлада Иран со 1:0. Победничкиот гол е дело на Кристијан Пулишиќ во финишот на првото полувреме.
Табела Б-група: Англија 7 бода, САД 5, Иран 3, Велс 1.
Во осминафиналето на Мундијалот во Катар, Англија на 4 декември ќе се соочи со Сенегал, додека САД на 3 декември ќе игра со Холандија.