Редок бел слон е роден во западен Мјанмар, јавуваат локалните медиуми.
Родено минатиот месец во државата Ракин, малото слонче тежи 80 килограми и е високо околу 70 сантиметри, пишува мјанмарскиот весник Global New Light.
На снимката на државната телевизија се гледа како слонот ја следи својата мајка до реката каде што го мијат нејзините чувари, кои потоа го хранат.
Мајката е 33-годишната Зар Хан Хла, а Global New Light пишува дека слончето има седум од осумте карактеристики поврзани со ретки бели слонови, како што се очите со боја на бисер и големите уши.
За малото слонче почна да се пишува на социјалните мрежи кон крајот на минатиот месец, но се уште нема име.
Белите слонови во Југоисточна Азија се сметаат за среќна појава, па древните владетели ги собирале.
Луксузните услови во кои се чувале доведоа до тоа терминот „бел слон“ во културата на Мјанмар да означува нешто убаво, но бескорисно.
Во главниот град на Мјанмар моментално има шест бели слонови.