Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. Во Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп , Штип и Берово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Гевгелија и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции, како и 87 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85г), кое починало во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70г), кое починало на 30.04.2022 година и тоа во домашни услови.
Направени се 1.221 тест преку: ИЈЗ-130, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-25, Биотек-33, Систина-29, лабораторија Лаор-24, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-10, Никоб Лаб-72, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 560.
Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.