More

    Регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19, починаа 10 лица

    spot_img

    Во последните 3 дена, од 19 до 21 август направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19.

    Во Скопје има 266 новозаразени, во Битола 51, Кавадарци 43, Прилеп 31, Охрид 29, Куманово 21, Гевгелија 18, Гостивар и Кочани по 16, Струга 13, Тетово 12, Штип 11, Радовиш 10, Велес, Кичево и Крива Паланка по 9, Делчево 6, Виница и Пехчево по 5, Струмица, Ресен, Берово, Дебар и Кратово по 4, Неготино, Крушево и Демир Хисар по 3, Демир Капија 2 и по еден нов случај во Свети Николе, Валандово и Богданци.

    Од вкупниот број на позитивни, 132 се реинфекции.

    Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти.

    Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г).

    Сите лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.143.260 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img