Фудбалската репрезентација на Аргентина со победата против Полска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Натпреварот не започна добро за „гаучосите“. Доживеаа неочекуван и во најмала рака шокантен пораз од Саудиска Арабија, но потоа ги совладаа Мексико и Полска и со тоа се пласираа во следната рунда.
Навивачите на Аргентина знаеја како да го прослават пласманот во нокаут фазата, а посебно се истакна една навивачка.
Таа ги почести присутните во еден паб со соблекување на дресот, а радоста предизвикана од минувањето на Аргентина дополнително се зголеми.