Контроверзниот рапер Канје Вест во последните месеци неколкупати беше на удар на критики поради своето однесување, а сега повторно реагираше бурно.
Додека одел на кошаркарскиот натпревар на својата ќерка Норт во Лос Анџелес, тој го запрел возилото, излегол и отишол до прозорецот од автомобилот кој бил зад него.
Внатре имало жена која го снимала Канје со својот мобилен телефон, за која се испоставило дека е фотографка.
Ова очигледно го налутило Канје, па го грабнал телефонот од раката на жената и го скршил на земја.
Таа веднаш го пријавила случајот во полиција.
Новата сопруга на раперот Бјанка цело време била на совозачкото место.
Ова не е првпат Канје Вест да ги нападне папараците, а двапати и ги претепа.
Имено, тој во една прилика на аеродромот во Лос Анџелес со тупаница удрил фотограф и се обидел да му ја земе камерата, додека непосредно пред тоа удрил и еден фотограф кој му рекол дека сака да ги слуша неговите песни.
Да потсетиме, Канје Вест во текот на изминатиот месец даде низа антисемитски коментари во кои ги навредуваше Евреите, поради што многу компании со кои претходно соработуваше му ги откажаа договорите. Нему му беа забранети и многу социјални мрежи.
ФОТО: Инстаграм