Австралискиот плејбој, попознат како „Кралот на Инстаграм“, објави фотографија со мистериозна убавица и ги изненади своите фанови.
Дан Билзериан (41), кој се прослави по дивиот и дрзок начин на живот, објави фотографија за која многумина веруваат дека е направена на неговата венчавка.
На фотографијата тој е во костум, додека под рака го држи жена со букет во рацете.
„Конечно го направив тоа“, пишува во описот на фотографијата.
Се чини дека парот оди кон олтарот со бели цветови околу нив и сè изгледа како свадбена церемонија, пренесува „Ladbible“.
Меѓутоа, додека се гледа дека девојката носи прстен, облечена е во зелен фустан, за разлика од традиционалниот бел што обично го носат невестите на венчавките.
Она што е сигурно е дека „кралот на Инстаграм“ успеа да ги збуни своите обожаватели кои не се сигурни дали конечно се смирил.
Како што се испостави, фотографијата е направена на свадбата на неговиот пријател Бил Перкинс. Така, озлогласениот Ден направи лажна тревога.
Досега на својот профил објавуваше фотографии со бројни девојки, раскошен живот и луда забава, па затоа на многумина им е тешко да поверуваат дека се оженил.
ФОТО: Инстаграм