More

    Радев не сака Бугарија да биде вовлечена во украинската војна

    spot_img

    Бугарскиот претседател, Румен Радев, при денешната посета на Стара Загора коментираше дека земјата треба да биде солидарна со украинскиот народ и да помогне со сѐ што може. Но, според Радев, кој и да донесе одлука за давање вооружување ќе ја вовлече Бугарија во војната и ќе мора да се соочи со бугарското општество и да го објасни ризикот, бидејќи цената секогаш ја плаќаат граѓаните, а не политичарите, јавува дописникот на МИА од Софија.

    Радев беше категоричен дека одлуката за давање системи за противвоздушна одбрана на земјава треба да донесе бугарскиот Парламент. Тој очекува Владата да даде јасни информации за ова прашање по средбата со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

    Според Радев, главната задача дома, во Бугарија, е да се спречи граѓаните, стратешките локации и објекти, како што е бугарската нуклеарна централа, да останат без соодветна воздушна одбрана.

    Тој коментираше дека обезбедувањето елементи на противвоздушната одбрана ја вовлекува Бугарија во заземањето страна во војната во Украина.

    Тој потсети и на инцидентот во Загреб, каде падна дрон со експлозив, додавајќи дека Бугарија не треба да дозволи тоа да се случи на нејзина територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img