Рускиот претседател Владимир Путин тропка со ногата додека неговиот белоруски колега Александар Лукашенко му вели да не се грижи оти ќе му побегнат 30 до 50 илјади Руси преку границата на видео кое беше објавено на веб-страницата на Кремљ. Според Лукашенко словенските народи никогаш не треба да трпат понижување.
– Нашата насока е правилна, нашата мисија е исправна. Ние ќе победиме. Немаме друг избор. Ние како Словени не би толерирале понижување – му вели Лукашенко на Путин.
– Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Да останат, дали ќе бидат наши луѓе? Нека бегаат. Не знам што мислите за тоа, но не бев премногу загрижен во 2020 година кога луѓето си заминаа – го теши белорускиот лидер својот колега со кој се сретнаа во Сочи.
Сепак, ситуацијата на терен е драстично поинаква. Стотици илјади Руси бегаат од земјата стравувајќи дека Путин би можел да ги затвори границите. Видеа од реките возила на премините со Грузија, Монголија и други земји ги освоија социјалните мрежи. Сообраќајниот метеж може да се види од вселената.
Протестите во над 40 руски градови досега резултираа со околу 2.000 апсења.