Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој, меѓу другото, се пропишува законска казна за оние кои шират „лажни вести“ за руската армија, пренесува АФП. Според странските медиуми, за прекршување на овој нов закон е пропишана казна затвор до 15 години.
Алексеј Ковалев, уредник на еден од руските независни медиуми, објасни дека под „лажни вести“ сега во Русија се подразбира секоја вест што не е објавена од руското Министерство за одбрана или кој било дел од содржината во која нивната „специјална операција“ е наречена според нејзината реална име – Војна.
„Да, отсега во Русија буквално не можете, под закана од екстремна казна, да ја нарекувате руската војна во Украина војна“, објасни Ковалев.