Рускиот претседател Владимир Путин денеска на конференција во Москва изјави дека западните земји ја определиле судбината на народот во Украина како топовско месо, јавува Б92.
– Тие спроведоа антируски проект, се правеа дека не го гледаат ширењето на неонацистичката идеологија до масакрот на луѓето во Донбас, складираат и продолжуваат да складираат оружје за режимот во Киев, вклучително и тешко оружје – рече Путин.
– Под овие услови, решивме да спроведеме специјална воена операција во согласност со повелбата на Обединетите нации. Целите на оваа операција се јасно дефинирани: да се обезбеди безбедност на Русија и нашите граѓани и да се заштити народот на Донбас од геноцид – додаде рускиот шеф.
Путин се осврна и на неодамнешната посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
– Тоа не беше само пат на еден неодговорен политичар, туку дел од свесната американска стратегија за дестабилизирање на хаотичната ситуација во регионот и во светот, покажувајќи непочитување на суверенитетот на другите земји и меѓународните обврски – рече рускиот претседател.