More

    Пукал од врв на зграда, убил шест, а ранил 36 лица

    spot_img

    Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица.

    Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста.

    Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот.

    – Звучеше како огномет – изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели.

    Настанал метеж, стампедо, некои од луѓето расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк.

    Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците сѐ уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред сѐна масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img