More

    „Промените продолжуваат“ го кандидираше Николај Денков за нов премиер

    spot_img

    Николај Денков е кандидатот за премиер на бугарската политичка партија „Промените продолжуваат”, најави копретседателот на партијата Кирил Петков на брифинг во Парламентот.

    Актуелниот пратеник од формацијата и поранешен министер за образование и наука се очекува да ја прифати понудата со вториот мандат од шефот на државата Румен Радев. „Промените продолжуваат” веќе изразија подготвеност да се обидат да ја имплементираат заедно со „Демократска Бугарија”.

    – Ја прифатив оваа номинација со идејата дека треба да бараме договор за најважните теми за бугарското општество. Треба да изградиме редовна влада и парламент што ќе работи за народот – рече кандидатот за премиер.

    Тој најави дека почнуваат разговори со сите политички сили, а официјалната покана ќе ја испратат утре. Денков демантираше дека некогаш бил кадар на ГЕРБ и нагласи дека како експерт бил министер во преодна влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img