Продолжува увозот на струја, продолжуваат „хероите“ на Владата со авансно плаќање, продолжуваат со „херојските“ авансни провизии.
Вака на Фејсбук новиот извоз на струја го коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8 до 11 декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски“ ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000 евра.
Од 7 ноември до 11 декември, или за само 35 дена, потрошени се вкупно 36.688.848 евра за увоз на струја. Увезуваат затоа што немаат план, не знаат и „херојски“ делат авансни провизии. Трансформаторот кој требаше да биде инсталиран на 1 ноември, за да проработи Битола 3, уште не е ни во Македонија – напиша Мицкоски.