Принцот Вилијам присуствуваше на „магичната зимска венчавка“ на неговата поранешна девојка Роуз Фаркухар. На настанот пристигна без сопругата Кејт Мидлтон.
На свадбената церемонија присуствуваше и поранешното момче на Кејт Мидлтон.
Роуз Фаркухар се омажи за својот свршеник Џорџ Гемел во црквата Света Марија во Глостершир.
„Тоа беше магична зимска свадба на снег. Младенците поминаа низ тунелот што го направиле гостите на венчавката, а секој од нив држел прскалка во рацете“, рекле присутните на свадбата.
Роуз беше гостинка на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.
ФОТО: Инстаграм