Британската принцеза од Велс ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета на божиќната служба во Вестминстерската опатија, велејќи дека првиот Божиќ на кралското семејство без покојната кралица ќе биде многу поинаков.
На службата присуствуваше кралот Чарлс, придружуван од неговата сопруга кралицата Камила, неговиот син принцот Вилијам, Кејт и други членови на семејството, во опатијата, каде што кралицата Елизабета беше погребана во септември, објави Ројтерс.
Божиќната богослужба се одржа минатата недела, а ќе се емитува в сабота.
Сопругата на Вилијам, Кејт беше домаќинка на настанот, која го посвети на покојната кралица Елизабета и на „сите оние кои за жал повеќе не се со нас“.
– Иако Божиќ ќе биде многу поинаков оваа година, можеме да се потсетиме на спомените и традициите што ги споделивме – рече Кејт во воведот на службата.
Таа потсети дека кралицата Елизабета особено го сакаше Божиќ, како време што ги зближува луѓето и ги потсети на важноста на верата, пријателството и семејството, но и како време за покажување емпатија и сочувство.
Фото: Инстаграм