На 02.02.2023 околу 12.45 часот на улица „Струшка“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода К.З.(56) и И.З.(53) од Тетово.
Тие се сомничат дека околу 12.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово одзеле паричник од 38-годишната Ш.Е. од гостиварско Врањовце.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.