Полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип, по преземени мерки и активности, расчистија три кривични дела „тешка кражба“ и 2 кривични дела „кражба“ извршени во периодот од 15.11. до 28.12.2022 од маркети, сендвичара и возила на подрачјето на Свети Николе.
Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен Б.И.(34) од Свети Николе. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.